17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж од Сплит во карантин – лекарите се сомневаат дека е заразен со коронавирус

Во клиничко-болничкиот центар во Сплит е примен маж за кој постои сомневање дека има коронавирус.

– Пациентот е изолиран на Клиниката за инфектологија, не е потврден коронавирусот – рекоа од болницата.

Дијагнозата на пациентот и понатаму не е позната, но со оглед на тоа дека пациентот неодамна престојувал во Кина, тој е превентивно изолиран.

Сите потребни тестирања се направени, а додека не стигнат резултатите, тој ќе биде изолиран од другите пациенти.

Во случај тестирањето да биде позитивно на коронавирусот, пациентот ќе биде пренесен во Загреб.

Претходно денес во Осиек се веруваше дека има еден заразен пациент од коронавирусот, но понатамошните наоди покажаа дека пациентот не е заразен болеста.

Во Хрватска моментално нема заболени од коронавирусот.

Спонзорирано: