25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинескиот претседател ја мобилизира Комунистичката партија за борба против вирусот

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг во понеделникот даде важни насоки за борба против епидемијата од коронавирус, нагласувајќи дека ќе се потпре на населението во контролата и сузбивањето на вирусот.

Шји истакна дека партиските комитети и владата на сите нивоа мора целосно да се мобилизираат, распоредат и да ја зајакнат својата работа во согласност со одлуките и аранжманите на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), кои им даваат врвен приоритет на заштитата на животот и здравјето на луѓето.

Шји, кој исто така е генерален секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Централната воена комисија, упати забелешки во упатство до партиските организации, членови и службени лица, барајќи од нив да ги обединат луѓето во решително спроведување на одлуките на Централниот комитет на партијата.

Шји побара да се зајакне самодовербата, сите да останат обединети и да се преземат научни и насочени мерки за да се спречи и контролира епидемијата.

„Партиските комитети на сите нивоа треба да донесат научни и прецизни дијагнози за епидемиолошката состојба“, рече Шји барајќи единство во лидерството, командата и дејствувањето./Makfax