17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во камион ладилник во Белгија пронајдени 23 мигранти

Полицијата на пристаништето во Бриж, Белгија пронајде 23 мигранти во камион ладилник, меѓу кои и три жени.

Се верува дека мигрантите се од Еритреја и Судан и се упатиле кон Велика Британија, објави „Соар“.

Како што се наведува, температурата во камионот, не била повисока од два Целзиусови степени.

На мигрантите им било студено кога излегле од камионот, но сите се во стабилна состојба.

Откако кон средината на октомври минатата година во британската провинција Есекс во камион ладилник беа пронајдени тела на 39 починати мигранти, кои исто така поминале низ белгиско пристаниште, пристанишните власти воведоа построги проверки./Makfax