22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна авион што учествуваше во гасењето на пожарите во Австралија, загинаа три лица

Тројца Американци загинаа кога се урна канадски авион-цистерна, кој помагал во гасење пожар во Австралија, соопшти Шејн Фиксимонс, комесар на противпожарната служба на Нов Јужен Велс.

Според него, авионот „Херкулес Ц-130“ се урнал еден час по полетувањето од воената база Ричмонд во регионот Сноу Монаро, јужно од главниот град на Канбера.

Причината за несреќата сè уште не е позната.

„Според првичните извештаи, се чини дека нема преживеани во падот на авионот, кој силно удрил во земјата и експлодирал“, рече Фиксимонс./Makfax