25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе десетици Македонци се во двете нападнати бази во Ирак

Во базите Аин ал Асад и Ербил во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД, пренесува Телма.

Според информациите никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.

Неколку часа пред нападот поради прогласена тревога од највисок степен, вработените во базите биле префрлени во бункерите кои служат како скривници пред евентуални воздушни или ракетни напади.