17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет лица во Црна Гора добија траен инвалидитет поради петарди

За време на новогодишните празници во Црна Гора, дури 15 пациенти добиле повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства, соопшти директорот на Ургентниот центар, Нермин Абдиќ. За жал, кај некои пациенти тие предизвикале траен инвалидитет.

Според Абдиќ, таквите повреди не се ниту мали ниту безопасни.

Тој љубезно замолува, особено родителите, да водат сметка кога станува збор за пиротехнички средства.

Абдиќ рече дека лекарите, додека ги санирале овие повреди и спасувале животи, поминувале до осум часа во салите за една таква повреда: „Ова се повреди што оставаат траен инвалидитет и психолошки печат не само за малолетните деца туку и за родителите, и тоа целиот живот./Makfax