12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Азари : Ѓаволот надвор од нашиот регион

По нападите на Иран на две воени бази на САД во Ирак, како одговор на минатонеделното убиство на иранскиот генерал Сулејмани, иранскиот министер за телекомуникации Мохамед Џавад Азари преку Твитер порача: „Ѓаволот надвор од нашиот регион!“.

Во видео без датум, споделено од „Фарс њуз“, врховниот лидер на Иран Ајатолахот Али Камнеи се обраќа пред голем број луѓе, велејќи дека САД може да му наштетат на Иран – но тие ќе си наштетат многу повеќе себе си.

„Јас реков за време на говорот во времето (на претседателството на Обама) дека времето на напади од типот ‘удри бегај’ заврши. Ако нападнеш, ќе си добиеш назад“, вели Камнеи во видеото./Makfax