17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Владата во Австралија распоредува војска за гасење на пожарите

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека владата ќе испрати 3.000 војници за да помогнат во гаснењето на катастрофалните пожари што го зафатија југоистокот.

„Видовме дека оваа катастрофа ескалира“, рече Морисон пред новинарите и додаде дека ќе бидат инвестирани околу 14 милиони американски долари за набавка на четири нови авиони – канадери.

Како што рече, гасењето на пожарите е одговорност на државата и пожарникарите, но сепак, големиот обем на пожари бара национален одговор.

Секретарот за одбрана Линда Рејнолдс изјави дека е првпат во историјата на Австралија да се распореди војска за да им помогне на пожарникарите.

Како што јави „Би-Би-Си“, температурите во некои делови на источна Австралија надминале 40 степени, при што официјалните лица предупредуваат дека денот ќе биде многу опасен./Makfax