17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Расте бројот на настрадани во поплавите во Индонезија

Бројот на загинати во Џакарта се зголеми на 53, а речиси 175.000 евакуирани лица сè уште не се во можност да се вратат во своите домови, соопштија денеска индонезиските власти.

Бројот на загинати се зголеми на 53, а едно лице се води како исчезнато, рече портпаролот на Агенцијата за ублажување катастрофи Аџус Вибово.

Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби во Џакарта и предизвикаа лизгање на земјиштето на периферијата на градот./Makfax