17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 50 лица уапсени во Турција за тероризам

Турската полиција уапси најмалку 33 странски државјани, осомничени дека се поврзани со т.н. Исламска држава.

Тие беа уапсени во Анкара во заедничка операција од страна на антитерористичката полиција и националната разузнавачка агенција.

Во исто време полицијата во раните утрински часови изврши рација во Бaтмaн во југоисточна Турција, при што уапси 22 осомничени лица, а рации се одвиваа и во Адана и Кајзера, при што беа уапсени 15 лица, од кои шестмина се странски државјани.

Турските медиуми објавија дека уапсенитe во Анкара по потекло се од Ирак, Сирија и Мароко и трагаат по уште 17 лица.

Серија напади беа извршени во Турција во 2015 и 2016 година, во кои загинаа повеќе од 300 луѓе и за кои беа обвинети ИД и курдските екстремисти./Makfax