17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На инцидентот во кој загина полицаец му претходела сообраќајка со три тешко повредени лица

На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на местото викано „Тумчевишка клучка“ вчера околу 18:50 часот се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „Бе-ем-ве“ управуван од 20-годишен гостиварец и „пежо“ управувано од 49-годишник од село Речане.

Во незгодата со тешки повреди се здобиле три сопатнички во автомобилот „пежо“ на возраст од 51, 48 и 27 години, инаку сите од гостиварско Речане.

Тие биле итно пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на увидот на местото на настанот подоцна се случи и друг сообраќаен инцидент во кој животот го загуби еден полицаец, а друг е повреден./Makfax