17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Колинда направи гаф и ги повика граѓаните да гласаат за нејзиниот противкандидат

За време на гостувањето на телевизијата Н1, кандидатката за хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните на изборите во недела на 5 јануари да го заокружат бројот 1.

Под овој број, во вториот круг на претседателските избори во Хрватска се наоѓа нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ, пренесе порталот „24сата.хр“.

„Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој, за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност односно е рамноправен соговорник во светот. Ве повикува да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче“, изјави Грабар-Китаровиќ.

Коментарите во Хрватска се дека се работи за очигледен гаф на Грабар-Китаровиќ на само една недела до решавачкиот круг избори.

Од хрватската Државна изборна комисија објаснуваат дека прв на гласачкото ливче според правилата е кандидатот кој освоил повеќе гласови во првиот круг, а тоа е Милановиќ./Makfax