17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во Македонија, се апсат шверцери на хероин – тројца веќе уапсени во Србија

Тројца членови на организирана криминална група биле уапсени во Нови Сад и Врање при обид за купопродажба на 6,5 килограми хероин од Северна Македонија, објави „Танјуг“.

Во тек е акција за апсење на други членови на групата во Северна Македонија, велат од српското обвинителство за гонење на организиран криминал за „Танјуг“.

Двајца од уапсените во Србија се осомничени дека на 17 декември продале 9,5 килограми хероин, а денеска при апсењето се обиделе да продадат 6,5 килограми хероин за 100.000 евра.

Дрогата била пронајдена во резервна автомобилска гума која ја користеле двајцата уапсени, додека пак третото лице чекало со подготвени пари.

Дрогата во Србија била внесена од Северна Македонија преку Прешево, а требало да биде проследена кон државите на ЕУ.

На осомничените им е одреден притвор од 48 часа, а потоа ќе бидат изведени на сослушување во Обвинителството за организиран криминал, по што ќе биде одлучено за понатамошни чекори во овој случај.

Акцијата за апсење беше спроведена во соработка со СБПОК, како и со специјалното обвинителство и полицијата на Северна Македонија.