17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две бомби фрлени покрај луксузни мерцедеси во Мостар

Жителите на населбата Текија во Мостар околу 4:10 часот утрово биле разбудени од две моќни експлозии.

Според полицијата, две експлозивни направи биле фрлени веднаш до возила „мерцедес МЛ“ и „мерцедес СЛ“, пренесува хрватски „Индекс“, повикувајќи се на локални медиуми.

Двете возила се тешко оштетени, а штета претрпел и автомобил „сеат“ паркиран покрај нив. Во инцидентот нема повредени, а полицијата го истражува случајот./Makfax