Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОР

Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека, поради планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје, денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од с. Брест, с. Побожје, Малино Маало, с. Мирковци, с. Кучевиште, с. Бродец, с. Танушевци (општина Чучер Сандево) и дел од корисниците од с. Љубанци (општина Бутел);

– во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од булеварот Трета македонска бригада (делот од МЕТРО кон „Железници – Влеча“) (општина Аеродром);

– во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Славејко Арсов (општина Центар);

– во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од с. Ракотинци (општина Сопиште).

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +