Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Возете внимателно, намалена видливост и магла на патиштата

Дожд со слаб интензитет врне во Демир Капија и Удово.Намалена видливост до 50 метри поради магла има од селото Лисец до Попова Шапка и Крива Паланка до Псача.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК