23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Ауди се заби во камион – Тешка несреќа во Македонија

Возач се здобил со тешки повреди откако со Аудито се забил во камион.

Во 13.18 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, на мостот кај село Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Ц.Т. село Ботун, општина Дебарца и патничко моторно возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот С.И. од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И. по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Спонзорирано: