Centar.mk
фото Град Скопје
-ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на почетокот на градежните активности за целосна реконструкција на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари.

– Кога ја барав поддршка од граѓаните, тука ме пречекаа како што умеат вистински домаќини – со кафе, чај и со отворена врата. Ми кажаа дека ретко кој дотогаш дошол во ова маало да ги праша што им е најпотребно. А доволно беше да излеземе пред портите за да видиме зошто оваа улица беше првото и најважно барање. Со децении чекале некој да ја реконструира. Тој ден дадов збор. Денес, механизацијата е на терен и работата започна. Целосно го реконструираме крак 38. По целата должина на улицата ќе поставиме нов асфалт, за семејствата од ова маало конечно да добијат уредена улица каква што одамна заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека негова обврска како градоначалник е да обезбедува услови достојни за секој жител на Скопје, со темелна работа во секоја општина, за рамномерно да се развива целиот град.

фото Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

СОСЕДСКА РАСПРАВИЈА СО НЕОБИЧЕН ЕПИЛОГ – Физички напад и оштетен излог

ДЕСК

МАРИХУАНА И НОЖ ВО ГОСТИВАР – Полицијата приведе 27-годишник на улицата „101“

ДЕСК

КУЌАТА ОСАМНАЛА СО ГРАФИТ – 63-годишен тетовец побарал полициска интервенција

ДЕСК