17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момчиња бркале полициско возило во Париз

Полициско возило со двајца полицајци вчера било гонето од автомобил со пет млади луѓе, објави „Ле Паризиен“. Инцидентот се случил кога полицијата ги запалила ротациските светла за да избегне сообраќаен метеж.

Необичниотт инцидент се случил на раскрсница во Париз додека полицајците се враќале во предградието Кретеј. Според весникот, младите се обиделе да ги заплашат полицајците, па дури и да го наведат на судир полицискиот автомобил.

Кога полицајците повикале засилување, прогонувачите веднаш го запреле своето возило кога сфатиле дека ги брка полицијата. Петте лица во автомобилот биле на возраст од 19 до 24 години.

Прекршителите во моментот се наоѓаат во притвор поради загрозување на животот на други лица и за дела за заплашување. Момчињата, пак, негирале дека сакале да им наштетат на полицајците велејќи дека тие едноставно го следеле полициското возило за да може побргу да се движат во сообраќајот.

Полицијата отвори истрага за случајот за да утврди дали дејствата на петте лица претставуваат заплашување или обид за загрозување на животите на другите.