15.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судовите во Русија добија повеќе дојави за поставени бомби

Судовите во Москва и Санкт Петербург денес се евакуирани поради анонимна дојава за поставени бомби.

Во Москва беа евакуирани осум судови, а во Санкт Петербург шест судови, пренесува ТАСС.

Серијата анонимни дојави почна минатата недела и сите се покажаа лажни.

Во Москва и Санкт Петербург непознати лица бараа награда во биткоини, но се испостави дека дојавите се лажни. Повиците биле од странство, најверојатно од Украина.