10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Незапаметена трагедија во Нови Пазар: Лазар испил ладна вода, па починал за време на роденденска забава

Четиринаесетгодишниот Лазар М. од Нови Пазар почина изненадно на роденденска забава на својот другар од училиште.

Момчето одеднаш паднало откако испило чаша вода. Веднаш бил транспортиран во Општата болница во Нови Пазар, но немало спас. Лекарите безуспешно се обидувале со реанимација да го вратат момчето, информира Курир.рс За жал, момчето починало од срцев удар.

Лазар бил прва година во средно економско училиште за кое денешниот ден е прогласен за ден на жалост и нема да се одржува настава.

Лазар бил омилен меѓу другарите и членовите на Културно уметничкото друштво Рас. Се подготвувал за настап на новопазарскиот Севдах фест, кој почнува денеска.