21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борисов: Реагирам на мешањето во внатрешните работи на Бугарија

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов изјави коментирајќи го протерувањето на руски дипломат од земјата, дека не попушта под странски притисоци, но морал да реагира на обидот на рускиот дипломат да регрутира висок бугарски функционер.

Рускиот дипломат беше протеран од Бугарија претходно неделава поради наводен обид за регрутирање на високо позициониран функционер, кој имал пристап до тајни податоци, изјави денеска Борисов.

„Не попуштам пред странските притисоци. Кога голем број партнерски земји протераа руски дипломати, во врска со случајот Скрипал, ние тоа не го направивме. Но кога дипломати на високо ниво регрутираат мој висок функционер, веднаш одговоривме“, рече Борисов за БТВ каналот./Makfax