25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка во населбата Карпош, четворица повредени

Четворица повредени во сообраќајна несреќа, што се случила вчера на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“ во Скопје.

Несреќата се случила помеѓу два автомобили, „голф“и „ланд ровер“, при што повредени се двајцата возачи и двајца сопатници од голфот. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје./Makfax