17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ајкула нападна британски туристи во Австралија

Двајца британски туристи се тешко повредени во напад на ајкула, додека нуркале во Австралија, соопштија властите.

Ајкулата на едниот турист му го одгризала стапалото, а на вториот ногата.

Туристите на возраст од 22 и 28 години, нуркале на островот Витсандеј кога се случил нападот.

Спасувачите со чамец ги извадиле нуркачите на копно, од каде со хеликоптер биле превезени во болница во градот Макај, и се наоѓаат во сериозна, но стабилна состојба.

Од болницата соопштија дека 28-годишникот го загубил стапалото.

Во ноември, минатата година, ајкула уби 33-годишен маж во Витсандеј, а два месеци претходно нападнати беа двајца туристи, од кои 12-годишно девојче ја загуби ногата.

Зголемениот број на напади од ајкули, би можело да ја загрози посетеноста на светски познатата туристичка дестинација./Makfax