25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина бара дополнителни информации за идентитетот на 39 мигранти пронајдени во ладилник

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека побарало од британските власти повеќе информации за идентитетот на 39-те лица што беа пронајдени мртви во камион ладилник на југоистокот на Англија минатата недела. Националноста на жртвите не е потврдена од Велика Британија.

Британската полиција првично мислеше дека станува збор за кинески државјани, но подоцна ваквото тврдеше беше доведено во прашање.

Повеќе од 20 виетнамски семејства објавија дека изгубиле контакт со своите најблиски и стравуваат дека тие се меѓу жртвите. Виетнамските власти соопштија дека примиле документи од Лондон во врска со четири лица чии тела биле пронајдени во камионот за да може да утврдат дали се Виетнамци./Makfax