17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ќе продолжи да посредува меѓу Курдите и Дамаск

Русија е подготвена да продолжи да посредува меѓу Курдите и Дамаск, изјави за ТАСС постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„Подготвени сме да продолжиме да им помагаме на сириските власти и Курдите во градењето дијалог за релевантни прашања. Руско-турскиот меморандум, кој е од клучно значење за стабилизацијата на Сирија, многу јасно го потврдува почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, како и неприфаќањето на какви било сепаратистички тенденции на нејзина територија“, истакна Небензја.

Тој додаде дека решавањето на курдското прашање е невозможно без обновување на контролата на сириската влада врз целата територија и граница.

„Тргнуваме од претпоставката дека Сирија на крај мора да се ослободи од нелегалното странско воено присуство“, заклучи тој.

На 22 октомври рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпишаа меморандум за решавање на ситуацијата во североисточна Сирија./Makfax