12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен шеф на полиција обвинет дека препродавал запленета дрога

Поранешниот шеф на Националната полиција на Филипините се соочува со кривична пријава за наводно учество во препродажба на запленета дрога. Генералот Оскар Албајалде се повлече од должноста минатата недела, по истрагата во врска со обвиненија дека штител полицајци кои шверцувале дрога.

Албајалде ги негира обвинувањата, но рече дека ја поддржува полициската истрага.

Истрагата го товари генералот Албајалде и 13 полицајци под негова команда за препродажба на запленети наркотични средства во 2013 година. Филипинската криминалистичка полиција поднесе пријава и сега Министерството за правда треба да одлучи дали ќе го гони поранешниот началник, врз основа на наводите.

Генералот Албајалде стана шеф на националната полиција во 2018 година и учествуваше во контроверзната државна акција против трговија со дрога. Поточно, филипинскиот претседател Родриго Дутерте почна со кампања за борба против дрогата во 2016 година, но групите за човекови права велат дека многу од убиствата за време на полициските операции биле всушност извршени така што на осомничените не им била дадена можност да се бранат на суд и да ја докажат својата невиност.

Точниот број на смртни случаи за време на војната против дрогата не може да се утврди, но се проценува дека илјадници луѓе загинале за време на полициските акции. Полицијата соопшти дека осомничените, кои полицијата ги убила за време на акциите, биле вооружени и се спротивставувале на апсењето.

Од организацијата „Амнести интернешнл“ тврдат дека надлежните го прикриваат точниот број на загинати лица и дека е невозможно да се знае точниот број на жртви, но дека секако станува збор за луѓе кои припаѓаат на сиромашните слоеви и чии семејства немаат средства паравно да се борат против полицијата./Makfax