Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вонредна вест: Заев повика на брзи избори

– Ја превземам врз себе разочараноста. Се исправам пред вас и јасно и одлучно порачувам, европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен. Европскиот сон на македонците, албанците, србите, ромите и бошњаците и сите други нема да биде срушен. Затоа почитувани граѓани одговорно се исправам пред вашата одлука. Сега е потребен вашиот став.

И затоа мојот предлог е организирање на брзи предвремени избори, избори најбрзо што може. Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Токму ова ќе биде мојт предлог на утрешната лидерска средба. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат за демократски и европски вредности, патот што води напред или да одиме по мрачниот пат, патот на национализам и поделби, патот што води назад, рече премиерот Зоран Заев предмалку на прес конференција.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК