12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдено оружје во Лажани, приведен 32-годишен маж

Во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, по Наредба од судија на претходна постапка, денеска е извршен претрес на дом и други простории на лицето Е.З.(32) од с.Лажани.

Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 mm, една пушка непозната марка калибар 6 mm, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 mm, два ловечки патрони калибар 16 mm и еден куршум за пушка калибар 7,9 mm.

Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител./Makfax