10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
БИЗНИСИЗБОР

Скенирајте фискални сметки, наскоро стартува голема наградна игра на УЈП – еве како ќе функционира

Со секоја скенирана сметка преку апликацијата МојДДВ, граѓаните ќе учествуваат во наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, информираат од Министерството за финансии.

Секоја скенирана сметка станува потенцијален добитник на парични награди кои ќе се доделуваат на дневно ниво, додека оние кои ќе бидат недобитни на дневно ниво, ќе учествуваат во месечно извлекување на парични награди. Недобитните скенирани сметки на месечно ниво ќе учествуваат во извлекување на две главни парични премии.

Истовремено, со секоја скенирана сметка, граѓаните ќе остваруваат право на поврат согласно Законот за МојДДВ.

Фондот за наградната игра е 31 милион денари и сите награди се парични. Наградната игра треба да започне на 25 ноември, а дополнителни детали за апликацијата и наградната игра ќе бидат соопштени на прес-конференција.

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека МојДДВ#МојаНаграда е унапредување на мерката МојДДВ, која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.

„Наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е еден вид унапедување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елеметни кои ќе влијаат на финансиската писменост“, изјави министерката Ангеловска.

Апликацијата мојДДВ има 200 илајди инсталации и на месечно ниво се скенираат над 7,5 милиони сметки од страна на над 150 илјади активни корисници кои скенираат. На крајот на годината ќе биде првата исплата на остварениот поврат на ДДВ, кој за три месеци од реализација на мерката досега изнесува над 3 милиони евра.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

M T

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

M T

Од денеска работодавачите може да аплицираат за финансиска помош за исплата на минимална плата

M T

Доделени ЕУ-наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

M T

Град Скопје со парични награди за пожарникарите што учествуваат во гаснење на пожарите низ Македонија

M T

Доделени наградите на 20. „Синедејс“

M T