22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВО ФОКУСОТБИЗНИСИЗБОР

Од локален агент на промени до глобален лидер – Ангеловска промовирана за „жена амбасадор на дигитална трговија“ на УНКТАД

25 септември 2019, Њујорк – Министерката за финансии Нина Ангеловска, во рамки на 74-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), синоќа во Њујорк беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот. Ова исклучително и уникатно признание ѝ го врачи Мукиза Китуи, генерален секретар на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој. Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

– Неискористениот потенцијал на жените ширум светот претставува голема загуба за нашите економии. Синергијата на дигиталната технологија и трансформативната моќ на претприемачкиот дух кај жените, може да придонесе кон намалување на сиромаштијата во ниско развиените и во земјите во развој и забрзување на економскиот раст – рече министерката Ангеловска.

Таа посочи дека признанието што го добива претставува голема чест, но и голема одговорност за неа – да ги инспирира и охрабри жените да го искористат својот потенцијал, да бидат амбициозни, да преземат иницијатива, да ја искористат моќта на технологијата и да го направат светот подобро место за живеење.

– Потребен ни е потенцијалот на жените, знаење, грижа, водство и технологија за да го направиме овој свет попаметен и подобар за сите – додаде министерката Ангеловска.

Инаку, Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадор на е-трговија“. Покрај неа, која ова признание го добива како соосновачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија, другите избрани „амбасадори на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико соосновачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Иницијативата преку која УНКТАД ги избра „жените амбасадори на дигитална трговија“- „Е-трговија за жени“ има за цел да го поттикне економскиот раст и да ја намали сиромаштијата во земјите во развој комбинирајќи ги придобивките од технологијата и претприемништвото кај жените. Преку нивното долгогодишно искуство во дигиталната трговија, седумте избрани глобални амбасадорки треба да помогнат во спроведување на Целите за одржлив развој на ОН промовирајќи го користењето технологија во служба на економскиот развој.

Можеби ќе ве интересира

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

Сега е полесно – Државата плаќа 70% од учеството за нов стан: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

Сега е лесно – Државата плаќа 70% од учеството за нов стан: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

Државата плаќа 70% од учеството за нов стан: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

Државата плаќа 70% од учеството за нов стан: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD