Centar.mk
фотографијата е генерирана со АИ
СВЕТ

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ЈА ЗАФАТИЈА ФРАНЦИЈА: Граѓаните бараат промени поради високите трошоци за живот

Франција трет викенд по ред се соочува со големи демонстрации поради поскапувањата и економскиот притисок врз домаќинствата. На протестите учествуваат студенти, средношколци, синдикални организации и припадници на движењето „Жолти елеци“, кои бараат мерки за подобрување на животниот стандард.

Според француските власти, денеска биле најавени околу 350 протестни собири низ земјата. За одржување на јавниот ред биле ангажирани приближно 70.000 припадници на полицијата и другите безбедносни служби, поради загриженоста од повторување на насилните инциденти забележани на претходните протести.

Демонстрациите се одржуваат во период на политички и економски притисоци, неколку месеци пред претседателските избори. Барањата на учесниците опфаќаат повеќе прашања, меѓу кои цените, образованието и условите за живот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛСКА ВО НОВА ПРАВОСУДНА КРИЗА: Демонстранти и полиција пред Уставниот суд

ДЕСК

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК