Centar.mk
СВЕТ

ИРАНСКАТА ВОЈСКА ДОБИ НАРЕДБА ЗА ПОДГОТВЕНОСТ: Техеран предупредува на силен одговор при нови закани

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи побарал вооружените сили да бидат подготвени за брза реакција доколку земјата се соочи со нова закана од Соединетите Американски Држави или Израел. Според иранската новинска агенција ИРНА, пораката била упатена на состанок со воени претставници.

Хамнеи побарал и ажурирање на информациите за американските и израелските објекти што би можеле да бидат предмет на ирански воен одговор. Ваквите изјави доаѓаат во период на зголемена загриженост за можноста од дополнително проширување на конфликтите на Блискиот Исток.

Истовремено, претставници на Саудиска Арабија, Сирија и Египет на регионален форум во Бахреин повикале на намалување на тензиите и дипломатски активности за спречување нови судири. Нивните пораки укажуваат на загриженоста од поширока регионална нестабилност.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА – Истрага за можно оддавање доверливи информации на партијата на Марин Ле Пен

ДЕСК

УДАР ВРЗ СВЕТСКИОТ ТРАНСПОРТ НА НАФТА – Сè помалку бродови минуваат низ Ормускиот Теснец

ДЕСК

НАТО ГО ИСПРАЌА РУТЕ ВО ПОЛСКА – Варшава бара дополнителна одбрана по навлегувањето на руски ракети и дрон

ДЕСК