Centar.mk
БИЗНИС

ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ НА АЛТА БАНКА: Српското обвинителство ги проверува трансферите во странство

Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија побарало од Народната банка на Србија податоци за финансиските трансакции на Алта банка од Србија кон странство. Првото барање било испратено на 27 октомври и се однесувало на периодот од 27 септември наваму, додека дополнително барање за движењето на средствата било доставено на 29 октомври.

Обвинителството информирало дека на 30 октомври побарало и полициски проверки на работењето на банката, вклучувајќи ги околностите поврзани со можните одливи на средства. Во меѓувреме, српската централна банка доставила дел од расположливите податоци, а дополнителниот извештај за бараниот период се очекува по 4 ноември.

На 31 октомври обвинителството примило и кривична пријава од Народната банка на Србија против Алта банка АД Белград и повеќе одговорни лица. Постапката е во фаза на собирање информации и проверка, па евентуална кривична одговорност сè уште не е утврдена.

Можеби ќе ве интересира

НАФТАТА ПОЕВТИНИ НА НЕДЕЛНО НИВО – Brent на 92,57 долари, WTI на 83,98 долари за барел

ДЕСК

NVIDIA ИЗГУБИ НАД БИЛИОН ДОЛАРИ ОД ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ – Инвеститорите ја преиспитуваат иднината по заминувањето на Хуанг

ДЕСК

БЕРЗАНСКИ ПОТРЕС ВО САД – Nasdaq потона за повеќе од 5 проценти, технолошките гиганти под силен притисок

ДЕСК