24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српската полиција уапси Мaкедонец и заплени арсенал оружје во неговиот стан

Се сомнева дека тој дошол пред куќата на педесет и седумгодишна жена во Пожаревац барајќи да го види нејзиниот сопруг, кој не бил таму, како и дека ја удирал влезната врата, соопшти МУП.

Полицијата набргу го пронашла и му одзела два пиштола, а при претрес на станот во Пожаревац, каде што осомничениот престојувал непријавен, пронашле уште еден пиштол, придушувач и неколку парчиња муниција.

Полицијата во Пожаревац го уапси П. С. (29), државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи и загрозување на безбедноста.

Осомничениот е задржан во траење од 48 часа по што со кривична пријава е изведен пред Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, а судијата му одредил казна притвор во траење од 30 дена.
.