25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обвинителството во Тексас поднесе обвинение за убиство против Патрик Крусиус за пукањето во Ел Пасо, а нему му се заканува смртна казна. „Канцеларијата на окружниот обвинител ќе продолжи да работи за да обезбеди правдата да биде задоволена и ќе се посвети на помагање на жртвите во текот на судскиот процес“, се наведува во соопштението на окружниот обвинител Џејми Еспарза. Крусиус (21) е обвинет за убиство на 22 лица. Во нападот што се случи на 3 август во продавница на „Волмарт“ тој рани 26 лица. Откако ѝ се предал на полицијата, тој им кажал на властите дека цел на неговиот оружен напад биле Мексиканците. Само 13 часа по масакрот во Ел Пасо, се случи напад во Дејтон, Охајо, кога вооружен напаѓач уби девет и рани 27 лица, по што беше убиен од полицијата.Обвинителството во Тексас поднесе обвинение за убиство против Патрик Крусиус за пукањето во Ел Пасо, а нему му се заканува смртна казна. „Канцеларијата на окружниот обвинител ќе продолжи да работи за да обезбеди правдата да биде задоволена и ќе се посвети на помагање на жртвите во текот на судскиот процес“, се наведува во соопштението на окружниот обвинител Џејми Еспарза. Крусиус (21) е обвинет за убиство на 22 лица. Во нападот што се случи на 3 август во продавница на „Волмарт“ тој рани 26 лица. Откако ѝ се предал на полицијата, тој им кажал на властите дека цел на неговиот оружен напад биле Мексиканците. Само 13 часа по масакрот во Ел Пасо, се случи напад во Дејтон, Охајо, кога вооружен напаѓач уби девет и рани 27 лица, по што беше убиен од полицијата.

Обвинителството во Тексас поднесе обвинение за убиство против Патрик Крусиус за пукањето во Ел Пасо, а нему му се заканува смртна казна.

„Канцеларијата на окружниот обвинител ќе продолжи да работи за да обезбеди правдата да биде задоволена и ќе се посвети на помагање на жртвите во текот на судскиот процес“, се наведува во соопштението на окружниот обвинител Џејми Еспарза.

Крусиус (21) е обвинет за убиство на 22 лица. Во нападот што се случи на 3 август во продавница на „Волмарт“ тој рани 26 лица. Откако ѝ се предал на полицијата, тој им кажал на властите дека цел на неговиот оружен напад биле Мексиканците.

Само 13 часа по масакрот во Ел Пасо, се случи напад во Дејтон, Охајо, кога вооружен напаѓач уби девет и рани 27 лица, по што беше убиен од полицијата.