21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот Дориан прерасна во петта категорија

Ураганот Дориан прерасна во петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофални последици.

Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека максималната јачина на ветрот достигнала брзина од 260 километри на час и се движи кон запад со брзина од 13 километри на час.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис изјави на прес-конференција дека 73.000 лица се загрозени од бурата и ги предупреди жителите на малите острови да се евакуираат, јави „Ројтерс“.

Хотелите се затворени, а голем број жители бараат засолниште во црквите, училиштата и други објекти во исчекување на ударот на ураганот подоцна во текот на денот.

Дориан во моментов е оддалечен околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида.

Милиони жители од Флорида до Каролина се во исчекување на ураганот, додека метеоролозите предупредуваат дека Дориан би можел да предизвика сериозни поплави дури и ако не удри директно во копното, наведе агенцијата.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес прогласи вонредна состојба поради заканите од невремето.