10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Aвионска несреќа на Филипини, загинаа сите патници

Девет луѓе загинаа при уривање на мал санитетски авион во туристичката област на Филипини во близина на Манила. Авионот при падот предизвика голем пожар.

Малиот авион се урна во близина на Каламба Сити, а седум тела се извлечени од леталото.

Во авионот имало двајца пилоти, две медицински сестри, лекар, еден пациент и неговата сопруга и уште две лица.

Портпаролот на филипинската Управа за цивилна авијација изјави дека авионот бил на лет на за медицинска евакуација од градот Диоплог во провинцијата Замбоанга дел Норт, кога исчезнал од радарите поради непозната причина додека прелетувал над Лагуна, која се наоѓа околу 60 километри јужно од главниот град на Филипини.

Авионот требало да слета во Манила.