10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Веб-страницата на Трамп повторно трола: „Претседателот Хилари Клинтон не постои“

Кога барате непостоечка веб-страница, серверот прикажува страница со Error 404, a веб-страницата на Доналд Трамп претставува своја верзија, која покажува фотографија на Хилари Клинтон пред подиумот на ПОТУС како пример за нешто што не постои, пренесува „Спутник“.

Веб-страницата на американскиот претседател, donaldjtrump.com, изгледа дека се забавува со неуспешниот обид на Хилари Клинтон за влез во Белата куќа. Кога пишувате непостоечка потстраница на веб-страницата (на пример, donaldjtrump.com/greenland), ве пренасочуваат на страницата 404, во која се вели дека барате нешто што не постои.

Ова не е прв случај веб-страницата на Трамп да ги исмева неговите политички противници.

Кон крајот на 2017 година известувачот на „Вашингтон пост“, Кристофер Ингреам, откри дека пораката што се појавува на action.donaldjtrump.com во случај на грешка на внатрешниот сервер, има за цел да го исмева поранешниот претседател Барак Обама, пишувајќи: „Упс! Нешто тргна наопаку. За разлика од Обама, ние работиме на решавање на проблемот … а не на теренот за голф “.

Пораката, меѓутоа, не можеше да се види никаде на веб-страницата бидејќи кодот содржеше единствен еднаков знак каде што треба да има два и очигледно беше прекинат. Пораката за грешка со голфот во меѓувреме е отстранета.