17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена мајката што го оставила своето новороденче во контејнер во Белград

По наредба на српското обвинителство, уапсена е 33-годишната М. Г. под сомнение дека го оставила своето штотуку родено бебе во контејнер во белградската населба Жарково.

Таа ќе биде сослушана пред обвинителот утре и е осомничена за кривично дело тешко убиство на дете во обид (член 114 став 9), изјави за „Танјуг“ портпаролката на обвинителството, Ирена Бјелош.

На мајката ѝ е одреден 48-часовен притвор.

Според МУП, мајката се породила во стан без надзор на лекар, го ставила бебето во кеса и го фрлила во контејнер во близина на својот стан.

Делото тешко убиство на дете се казнува со казна од 10 до 40 години затвор, а според законските прописи, за кривично дело „во обид“, како во овој случај, судот може да изрече помала казна.

Бебето фрлено во контејнер го пронашол пензионерот Слободан Цветковиќ додека го шетал своето куче.