24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Колумбија бара од ООН регионален пакт за зачувување на Амазонија

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке изјави дека на Генералното собрание на ООН во Њујорк ќе достави предлог за регионален пакт за зачувување на Амазонија како одговор на пожарите што горат во областа, што ја нарекуваат белите дробови на планетата.

„Ние сакаме да се подготвиме за пактот за зачувување во кој би учествувале земји на кои територијата на Амазон им е заедничка“, рече претседателот во индиското село Исла Ронда, на границата со Перу и Бразил.

Пожарот во Колумбија не може да се спореди со оној во Бразил, но треба да бидеме подготвени, додаде Дуке, пренесува Хина.

Дуке во саботата упати „повик до меѓународната заедница дека е потребна финансиска и научна поддршка за да се зачуваат амазонските шуми“.