10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рекорден број пожари во амазонската прашума

Бразилската вселенска агенција соопшти дека бројот на пожари во Амазонија е зголемен 83 проценти во однос на минатата година како резултат на сечењето на шумите.

Прашумата во бразилскиот дел на Амазонија годинава е погодена од рекорден број пожари, покажуваат податоците на државната агенција за вселенски истражувања.

Институтот ги објави податоците собрани преку сателит една недела откако претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, го отпушти раководителот на институцијата поради објавување на податоците за уништувањето на шумите, пишува Би-би-си.

Пожарите предизвикаа и затемнување на Сао Пауло. Дневната темнина, која траеше околу еден час, дојде кога силните ветрови донесоа чад од сојузните држави Амазонас и Рондонија, кои се на повеќе од 2.700 километри оддалеченост од Сао Пауло.

Најголемата дождовна шума во светот, Амазонија, е клучна во борбата против глобалното затоплување.

Податоците од Националниот институт за вселенски истражувања покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август годинава во бразилскиот дел на Амазонија.

Ова е најголем број регистрирани пожари по почнувањето со мерења во 2013 година.

Институтот соопшти дека повеќе од 9.500 пожари биле пријавени од минатиот четврток, претежно во Амазонија.