10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Трет ден борба со огнената стихија на Евија

Околу 400 пожарникари кои со помош на војници и доброволци трет ден по ред го гаснат шумскиот пожар на грчкиот остров Евија, успеаја да ја ограничат огнената стихија, пренесуваат грчките медиуми.

Пожарот се гаси од копно и од воздух со канадери, кои се обидуваат да го изгаснат огнот на недостапните предели.

Вкупно 12 канадери, од кои 2 италијански и еден од Шпанија, и 11 хеликоптери денеска продолжија со акцијата за гаснење на пожарот. За време на ноќта на местото на настанот беа испратени стотина пожарникари со што нивниот број достигна 382.

Како што се наведува, пожарот опфатил фронт што се протега на 12 километри и дека е прогласена вонредна состојба. Околу 500 жители на таа област се евакуирани. Некои со полициски автобуси, а други користеле сопствен превоз.

Пожарот изби во вторникот и опустоши природен резерват со борова шума, четири села се евакуирани уште првиот ден, но некои жители се вратиле во своите домови во средата.