17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската полиција уапси напаѓач кој пукал во болница во Чикаго

Полицијата уапси неидентификуван вооружен напаѓач кој отвори оган кон медицинскиот центар „Џеси Браун ветеранс аферс“ во Чикаго, соопшти специјалниот агент на ФБИ надлежен за Чикаго на прес-конференција по инцидентот утрово, додавајќи дека не се пријавени повредени.

„Утрово околу 2: 18 часот, машки субјект влегол во болницата преку влезот на улицата Тејлор. Тој носел пушка и почнал да пука. Во рок од 30 секунди полицијата од болницата одговорила и ја ублажила заканата. Никој не е повреден“, рече Џефри Салет.

Името на вооружениот напаѓач и неговите мотиви останаа неоткриени, но според в.д. директорот на болницата, Лори Лохар, тој веројатно не е ветеран.

Тој истакна дека пукањето се случило и во и надвор од болницата, но не кажа колку куршуми биле истрелани.

Минатиот ноември, во пукањето што се случи во друга болница во Чикаго, болницата и медицински центар „Мерси“ , загинаа четири лица, меѓу кои и вооружениот напаѓач. Сторителот, наводно, на паркингот на центарот ја застрелал својата поранешна свршеничка која работела во болницата, а потоа влегол во зградата и отворил оган кон луѓето внатре.