18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ги злоупотребија овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со Заев

Работата на Катица Јанева и СЈО не е само обична шминка и покажување на некаква активност, како што си се објаснуваат по телефон. Нивната работа е многу сериозна бидејќи земаа по 4 милиони евра годишно пари на граѓаните, а гледаме дека ги користеле да изнудуваат уште пари и политички да влијаат врз неистомислениците на Зоран Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Катица Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Зоран Заев.
Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет во корист на аболицираниот Зоран Заев, но можеби и лична корист затоа што се уште не знаеме каде се завршиле милионите кои Боки Тредичи ги земаше од бизнисмените.

Јавноста се увери дека Катица Јанева учествувала во целата оваа конструкција и заедно со Боки Тредичи им давале гаранција на обвинетите. Сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци.

Јасна е и улогата на Русковска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност да уништуваат докази, но и да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина.

Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев, но и многу други функционери од СДСМ. Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев.

Овој скандал е само уште еден доказ дека Заев и СДСМ ја уништија правната држава, го нарушија угледот на Република Македонија надвор и сериозно ги загрозија македонските евроинтеграции. Се ближи денот кога СДСМ ќе си замине и ќе профункционира правната држава, а тогаш сите инволвирани од картелот и октоподот заедно со главата Зоран Заев ќе одговараат за сите криминали кои ги прават изминативе три години“ се вели во соопштението на опозициската партија.