17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќе од 20 лица се повредени во земјотресот во Турција

Повеќе од 20 лица се повредени во силниот земјотрес во западна Турција што предизвика штета на домовите. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени, беше во Бозкурт во провинцијата Денизли, соопшти турската Агенција за управување со вонредни состојби.

Истанбулскиот сеизмолошки центар Кандили соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.Од Агенцијата за управување со вонредни состојби информираат дека лекарска помош побарале 23 лица, од кои некои биле хоспитализирани.

Градоначалничката на Бозкурт, Бирсен Челик изјави дека во земјотресот се урнале две куќи и дека сопствениците успеаложе да се спасат со полесни повреди. Неколку други куќи биле оштетени, а нивните ѕидови испукале.

Бројни домови се оштетени и во блискиот град Тутлуч, каде нема повредени лица, изјави градоначалникот Худај Карасахин.Земјотресот е почувствуван и во соседните провинции Анталија, Мугла, Испарта и Бурдур, каде луѓето исто така ги напуштиле своите домови.

Турското тло е подложно на земјотреси.Во земјотрес со јачина од 7,4 степени, кој ја погоди северозападна Турција во 1999 година, загинаа повеќе од 17.000 луѓе.