25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Во Сирија уапсени, киднапирани или исчезнати над 100.000 лица

Потсекретарката на ОН за политички прашања, Розмари ди Карло, соопшти дека извештаите покажуваат оти во Сирија биле уапсени, киднапирани или исчезнале над 100.000 лица за време на осумгодишниот конфликт за што, како што наведе, главно одговорна е сириската влада.

Таа исто така ги повика засегнатите страни да го послушаат повикот на Советот за безбедност на ОН за да бидат пуштени сите оние кои се арбитрарно уапсени, како и на семејствата да им пружат информации за нивните најблиски, онака како што тоа го налага меѓународното право, јави АП.

Ди Карло истовремено го повтори повикот до генералниот секретар Антонио Гутереш ситуацијата во Сирија да биде разгледана од Меѓународниот кривичен суд.