21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министерот за одбрана на Тунис се кандидира за претседател

Тунискиот министер за одбрана, Абделкарим Збиди, во средата ја поднесе својата кандидатура за предвремените претседателски избори што се очекува да се одржат на 15 септември.

Збиди (69), независен кандидат поддржано од либералните партии, вклучително и Нидаа Тунс и Афек Тунс, најверојатно ќе биде меѓу водечките кандидати на изборите, што се одржуваат порано поради смртта на претседателот Беји Каид Есебси минатиот месец.