17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тексашки полицајци на коњи водеа низ град Афроамериканец врзан со јаже

На социјалните мрежи објавени се фотографии од полицајци на коњи кои низ градот водат Афроамериканец врзан со јаже. Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстоун. Бидејќи немале патролно возило, полицајците врзале јаже за лисиците и го повеле со себе 43-годишниот маж.

Тоа предизвика револт, особено кај Афроамериканците на социјалните мрежи, кои навеле дека таа сцена ги потсетила на периодот на ропството о 19 век.

Шефот на локалната полиција се извинил и навел дека приведувањето претставувало „непотребно посрамотување“.

„Верувам дека нашите полицајци лошо процениле во овој случај и дека можеле да почекаат друга единица со автомобили“ навел шефот на полицијата и додал дека полицајците немале лоша намера.

Приведениот маж подоцна бил ослободен со кауција.