12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По 4 години бегство уапсен милионер од САД, ја убил сопругата и ја фрлил во контејнер

Калифорниски милионер е уапсен откако помина повеќе од четири години во бегство, како осомничен за смртта на неговата сопруга, соопшти обвинителството во округот Оринџ пренесе Си-ен-ен.

Питер Чедвик (54) е обвинет за убиство на сопругата Кве Чо Чедвик во 2012 година. Убиството се случило во нивната куќа по расправија околу наводен развод и финасиски прашања. Чедвик бил обвинет за кривично дело убиство и му било дозволено да се брани од слобода со кауција од еден милион долари. Но тој не се појавил ниту на рочиштето во 2015 година и од тогаш е во бегство.

Откако ја задавил сопругата во 2012 година, Чедвик го фрлил нејзиното тело во контејнер во округот Сан Диего, а потоа се јавил во полиција наведувајќи дека најверојатно мајстор ја киднапирал и ја убил.

Полицијата во куќата на брачната двојка, на денот на убиството пронашла крв и знаци на борба. Пред да побегне, судот на Чедвик му одредил да го предаде пасошот и до почетокот на судењето да живее со неговиот татко во Санта Барбара во Калифорнија.

Чедвик е роден во Велика Британија, а станал американски државјанин во 1991 година.